Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • 04.09.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

30.12.2015

30.12.2015, Скопје

СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРОБЛЕМИТЕ СО ТРАНСПОРТОТ НА БЕГАЛЦИТЕ

Народниот правобранител со голема загриженост констатира дека повеќе од 1500 бегалци (жени, деца, стари лица и тн.), вчера од 11:00 часот  се оставени на отворено во Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија каде што ја поминаа и ноќта. Причина за нехуманиот третман на бегалците е затворање на двата големи монтажни шатори (поради нивна дезинфекција), како и блокирањето на железничката пруга од страна на такси возилата во знак на револт од Одлуката на Управувачкиот комитет за време на кризни состојби бегалците да се превезуваат првенствено со воз, а само во исклучителни случаи со користење на такси возила.
Народниот правобранител смета дека институциите надлежни за справување со бегалската криза, со ова покажуваат крајно несериозен однос и негрижа за бегалците кои повеќе од 24 часа се надвор изложени на неповолни временски услови.

Народниот правобранител, препорачува итно да се овозможи непречен транспорт на сите бегалци до Прифатниот центар „Табановце“, со користење на сите превозни средства и почитувајќи го правото на избор на превозно средство од страна на бегалците. Истовремено ги повикува надлежните министерства, особено Управувачкиот комитет за време на кризни состојби и Центарот за управување со кризи за итно и неодложно решавање на проблемот со транспортот, како и создавање услови за хуман престој и третман на лицата во  Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
 


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2017
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија