Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

18.12.2015

18.12.2015, Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНТЕЛ ПО ПОВОД 18 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МИГРАНТИТЕ

Народниот правобранител по повод 18 декемрви Меѓународниот ден на мигрантите укажува дека надлежните институции во Македонија не успеаа да се справат со бегалската криза на начин кој го предвидуваат сите меѓународни конвенции, но и домашната легислатива, поради што констатира голем број на прекршување на правата на мигрантите.

Имено, Народниот правобранител утврди нехумани услови во Центарот „Винојуг„-Гевгелија и тоа во сите сегменти, почнувајќи од прифатот на мигрантите,  нивната регистрација, условите за престој особено сега во зимските услови,  храната, здравствената заштита, како и третманот на ранливите категории децата, жените и инвалидизираните лица.Народниот правобранител констатира директна дискриминација при наплатата на билетите за теранспорт на мигрантите и прекршување на Женевската конвенцијата за статусот на бегалците.

Ништо подобри не се ни условите во Транзитниот центар “Табановце“ каде посебно загрижува состојбата со транспортот на ранливите групи, кои заради лошата организација и координација  оставени се  да пешачат по  диви калливи патеки, иако на само неколку метри од нив се наоѓа регуларниот граничен премин.

Исто така, Народниот правобранител со загриженост констатира дека во Македонија се врши дискриминација на мигрантите преку нивна селекција, на оние кои доаѓаат од кризните жаришта и на оние кои доаѓаат од други земји, што е надвор од сите пропишани меѓунардни и домашни документи. Она што е уште позагружувачки е дека тоа се прави без никаква процедура, со што на овие лица флагрантно им се прекршуваат правата.

Нехумани, понижувачки  се и услови за престој и во Центарот за странци Гази Баба. Она што уште повеќе го загрижува Народниот правобранител е инертноста на институциите кон ова прашање, од причина што овие услови траат во континуитет и ништо не се презема за нивно надминување. Само за потсетување, Народниот правобранител во јули годинава  веќе алармираше за лошата состојба во овој Центар, каде со денови се држеа околу 500 лица. Сликата деновиве тука е речиси идентична, со што  повторно директно се прекршуваат правата на овие лица.

Од овие причини, Народниот правобранител апелира до надлежните институции под инто да преземат  мерки со цел  исполнување на сите меѓународни стандарди за прифат, сместување и транспорт на мигрантите. Ниту една држава во светот нема право да не ги почитува утврдените   стандарди за правата на мигрантите.
                                          
              НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија