Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • 20.03.2020

    ПЛАН ЗА РАБОТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВОНРЕДНИ УСЛОВИ

    повеќе
  • 11.03.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРИЕМОТ НА ГРАЃАНИ/СТРАНКИ ВО ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

10.12.2015

10.12.2015, Скопје

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Почитувани,

„Слободата е добро кое ни допушта да ги уживаме сите други добра“.

Оваа мисла на познатиот француски филозоф и писател Шарл Монтескје  во целост се вклопува со мотото под кое годинава се одбележува 10 декември, Mеѓународниот ден на човековите права кое гласи „Нашите права нашата слобода секогаш“. Во овој дух и Високиот комесар и Kанцеларијата на Oбединетите Нации за човекови права(ОХЦХР) повикаа светот да размисли за значењето на слободата без разлика за каква слобода станува збор. Дали се работи за слобода на изразување на мисла, на слободата на избор на работа, на изразување на своите верски културни, политички и други убедувања.

Слободите се универзални и подеднакво мора да ги ужива секој без разлика на кое место од земјината топка се наоѓаат, на која раса, пол или вера и припаѓаат. Затоа сите ние треба да ја почитуваме слободата на другиот, различниот од нас, ако сакаме и тој да ја почитува  нашата слободата. Само взаемноста и почитувањето се одлики на хуманоста како врвна човечка одлика.

Годинава светот е во знакот на одбележувањето и на еден многу значаен настан, 50  години од донесувањето на двата круцијални документи кои претставуваат основа за развој на демократските и слободните општества, а тоа се: Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права.Тие се алфа и омега за сите земји. Тие се основата за развојот на цивилизациите  на општествата.

Токму затоа, ние бранителите на човековите слободи и права мора постојано да потсетуваме на значењето на овие демократски цивилизациски придобивки, но и да работиме на нивната промоција како и на нивна заштита. Без уживање на вистинските слободи нема напредок.

Во оваа пригода како Омбудсман би сакал да потсетам дека слободата е важна и за сите оние кои поради разни причини ги напуштаат своите земји во потрага по помирен и подобар живот. Токму затоа на никој не смее да му биде, ниту ограничена слободата на движење,  ниту правото да бараат азил во другите земји.Оттука  уште еднаш потсетувам на потребата од хуман третман на овие лица.


                                                   НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

март 2020
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија