07.03.2014
07.03.2014, Скопје
ПОСЕБНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОЗНАВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ СО НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ
Дали и колку учениците од основните и средните училишта имаат познавања за функционирањето и надлежностите на институцијата Народен правобранител, но и колку ја познаваат Конвенцијата за правата на детето?
Ова се само дел од дилемите за кои беше разговарано со учениците од основните и средните училишта во повеќе градови, при посетата на претставници на Народниот правобранител.
Тргнувајќи од сознанието дека децата се уште недоволно ги знаат своите права, а уште помалку знаат кои се механизмите кои ги штитат децата и нивните права, Народниот правобранител, меѓудругото, смета дека е потребно во училиштата да се организира сеопфатна едукација за содржината на Конвенцијата за правата на детето и за механизмите за заштита на правата на децата, особено за функционирањето на Народниот правобранител.
Заклучоците, заедно со препораките за подобрување на состојбите се содржани во
Информацијата за спроведените посети и едукација на децата во основните и средните училишта, а истата е доставена до Министерството за образование и наука.