Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

09.11.2015

09.11.2015, Скопје

ДО СОБРАНИЕТО И ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДОСТАВЕН Е ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО УТВРДУВАЊЕТО И НАПЛАТАТА НА РAДИОДИФУЗНАТА ТАКС

Народниот правобранител поднесе Посебен извештај до Собранието и до Владата на Република Македонија со кој ги информира за лошиот пристап во утврдувањето и наплатата на радиодифузната такса и неажурното водење на регистарот на обврзници за плаќање на оваа давачка.

Исто така, со овој извештај Народниот правобранител побара да се преземат конкретни мерки поточно:

       - МРТ веднаш да ја донесе потребната одлука за отпис на неосновано евидентираните долгови, а УЈП на сите граѓани да им ги врати противзаконски одземените парични средства,
       - да се надмине исклучително лошиот начин на утврдување и наплата на радиодифузната такса и МРТ доследно да ја исполнува законски воспоставената обврска, редовно во текот на година по службена должност да го ажурира Регистерот на обврзници за плаќање на радиодифузна такса,
       - заради ефективна и ефикасна заштита на правата на граѓаните во постапките за присилна наплата, согласно предметната Иницијатива на Народниот правобранител, да се изготви соодветен предлог за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка и Законот за даноците на имот и
       - на сите надлежни органи и институции, да им се укаже на важноста и потребата да соработуваат со Народниот правобранител и да не го попречуваат во извршувањето на функцијата.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија