Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ГРАЃАНИТЕ ПРИ УТВРДУВАЊЕТО И НАПЛАТАТА 09.11.2015

09.11.2015, Скопје

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ГРАЃАНИТЕ ПРИ УТВРДУВАЊЕТО И НАПЛАТАТА

Народниот правобранител г.Иџет Мемети одржа прес-конференција на која информираше за бројните проблеми со коишто се соочуваат граѓаните со наплата на радиодифузната такса, како и за непреземањето мерки по доставената Иницијатива за законски измени при наплата на разни даноци, такси, глоби и други јавни давачи.
„Прекршувањето на правата на граѓаните при наплатувањето на радиодифузната такса од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Македонската радио телевизија (МТВ) е последица на лошата комуникација на инститициите, нивната индолентност, како и префрлувањето на одговорноста од УЈП на МТВ и обратно, што резултира со прекумерно зголемување на бројот на поплаките на граѓаните. Голем број на граѓани неосновано и надвор од сите законски прописи се задолжуваат за плаќање на оваа давачка. Во голем број случаи истата присилно им се наплатува, неосновано евидентираниот долг не им се отпишува, а наплатените средства не им се враќаат, со што се прекршуваат правата на граѓаните“.

Ова, меѓу другото, го рече народониот правобранител г.Иџет Мемети изнесувајќи ги проблемите од оваа сфера.

Според него и покрај тоа што по препораките на Народниот правобранител лицата кои несновано се запишани во Регостарот се бришат, сепак, не се врши отпис на противзаконски евидентираниот долг, ниту,пак, на граѓаните им се враќаат несоновано наплатените или присилно одземените парични средства, проблем за кој веќе е информирана Македонскста радио телевизија.

Во врска со доставената Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка и Законот за даноци на имот, народниот правобранител ја информираше јавноста дека Владата ја доставила до Министертсвото за финансии, а истото се уште молчи и не го информира повратно Народниот правобранител, што претставува уште еден пример за попречување на работата на Народниот правобранител и оневозможување на заштита на правата на граѓаните, односно тие да не бидат оставени без основни средства за егзистенција.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 17
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија