Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 15.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ -...

    повеќе
  • 09.10.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 06.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 6 ОКТОМВРИ - СВЕТСКИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

03.02.2014

03.02.2014, Скопје

ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА НА БЕЗДОМНИТЕ ЛИЦА СМЕСТЕНИ ВО ПРИФАТНИОТ ЦЕНТАР ВО ЧИЧИНО СЕЛО

„Несоодветни услови за домување во Прифатниот центар - бараките се руинирани, во некои од нив нема влезни врати, прозорите се без стакла, кровната конструкција прокиснува, има влага во собите и сместените лица спијат на импровизирани кревети. Исто така констатирана е состојба на недоволно обезбедување на храна и несоодветно чување на истата, како и дотраеност на инвентарот во просториите во кои се приготвува и консумира храната“.

Ова се само дел од констатациите на Народниот правобранител дадени во Посебниот извештај од направениот увид во Центарот за згрижување на бездомни лица во Чичино село (Детско одморалиште „Младост“) што имаше за цел да ги провери условите во кои живеат  сместени бездомни лица.
Извештајот заедно со констатациите и препораките е испратен до Министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи и образование, со цел запознавање на ресорните министерства со проблемите со кои се соочуваат бездомните лица сместени во овој Прифатен центар.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија