Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

10.12.2013

10.12.2013, Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Почитувани,
„Сите луѓе, се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права”, вели Универзалната декларација за човековите права со чие усвојување денешниот ден 10 декември се слави како Меѓународен ден на човековите права. Почитувањето на човековите права е императив за сите нас без разлика каде сме, што работиме, на која раса или вера и припаѓаме. Тоа е темел на современото заедничко живеење. На ова не учи историјата која многупати досега покажала дека развојот и просперитетот одат заедно со меѓусебното почитување. Човековите права се однесуваат на секој поединец и му припаѓаат на секој поединец.  
Овој ден е добра пригодa ние бранителите на човековите права да ги потсетиме сите чинители на општеството дека човековите права и слободи се составен дел на моралната свест на луѓето со што  јасно е дефинирано како треба луѓето да се однесуваат едни кон други и дека истото го очекуваат од државата. Toa значи дека државата е таа која треба да ги овозможи сите предуслови граѓаните да се чуствуваат рамноправни. Но овој ден е можност да се упати порака дека секој граѓанин без разлика на која социјална категорија и припаѓа, каква и да му е бојата на кожата, во која религија верува, заслужува достинствено да живее, да биде почитуван од другите без никакви предрасуди. Човековото достоинство претставува сплет од неколку фундаментални човекови вредности и тоа живот, слобода, сопственост, еднаквост, правда.

Оваа година денот на човековите права е во духот на јубилејот 20 години од востановувањето на Високиот комесар за човекови права. Тоа значи дека денот е посветен на сите оние кои од различни причини, конфликти, сиромаштија, елементарна непогода, не се во можност да си ги остварат своите права. Тоа се илјадниците деца од Африка кои не ја уживаат минималната здравствена заштита, бегалците од Сирија кои живеат надвор од своите домови и сите оние кои имаат слични судбини. На сите овие лица Меѓународната заедница треба час поскоро да им помогне затоа што има едно правило кога станува збор за човековите права, а тоа е правилото дека човековите слободи и права мора да се почитуваат во сите времиња и во сите услови.

Оттука, како омбудсман би потсетил дека сите ние заедно треба да работиме секој да биде прифатен во општеството, секој да ги ужива загарантираните слободи и права, секој да има пристап до нив.


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија