Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

14.11.2013

Скопје

СТАВ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ДЕНОТ НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА

Почитувани граѓани,

Сите жители на планетата Земја секоја година  на 16 ноември го одбележуваат  Меѓународниот ден на толеранцијата .Овој ден е добра можност да се потсетиме колку во изминатиот период сме биле толерантни кон семејството, пријателите, колегите, со еден збор колку сме ги почитувале, иако имале различни ставови од нас.

Толеранцијата се учи за да ни стане навика. Учењето дека сите сме различни, но дека сите ги имаме истите права е основното мото по кое треба да се придржува секој, особено во мултикултурните општества какво што е нашето.

Меѓународниот ден на толеранцијата е поводот кога треба да се проговори и за негативните ефекти од нетолернацијата. Непочитувањето на различностите никому не му носи добро, напротив тоа е причина за многу војни, страдања, поделби кои оставаат длабоки последици врз животите на сите нас.
Толеранцијата е демократска придобивка на секое општество. Колку повеќе толеранција толку помалку поделби, а колку помалку поделби толку поголем просперитет. Токму затоа и оваа пригода ја користам да им укажам на сите чинители во општеството без разлика на возраста ,полот, верата, oбразованието  дека почитувањето е основниот темел без кое нема напредок. Доколку ова навреме сите го разбереме, убеден сум дека ќе си го подобриме квалитетот на живеењето.


 


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија