Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

26.06.2013

Скопје

ПОРАКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА

Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура е денот кога ја искажуваме нашата заложба за ефикасно истражување на сите облици на тортура.  Воедно на овој ден потсетуваме дека борбата против тортурата треба да се одвива постојано, бидејќи истата е апсолутно забранета и недозволива без разлика која е целта заради која може да биде сторена.

Ние, омбудсманите-Национални превентивни механизми од Југоисточна Европа ја нагласуваме потребата од поддршката на жртвите од тортура, која е од особено значење имајќи во предвид дека тортурата е еден од најкомплексните начини на повреда на правата, така што со неа не само што се нанесува физичка и психичка болка, туку се повредува и човечкото достоинство, како и личниот интегритет на лицата врз кои се применува.

Преку откривање на тортурата која се извршува од страна на јавни/државни службеници се зголемува одговорноста на општеството за ефективна и континуирана поддршка на жртвите од тортура, како и преземање на мерки со цел намалување на оваа појава во иднина.
Посетите кои ги спроведуваат Националните превентивни механизми се само дел од мозаикот на активности кои се превземаат со цел превенција од тортура како и другите видови на сурово, нечовечно или понижувачко постапување.

Постоењето на сеопфатна стратегија за спречување на тортурата бара интегриран пристап кој во себе комбинира: законска рамка со која се забранува тортурата, делотворно спроведување на таа рамка, како и постоење на соодветни механизми кои ќе вршат мониторинг во имплементацијата на домашните и меѓународни стандарди со цел детектирање на можни ризици и отклонување на истите заради превенција од тортура или друг вид на сурово, нехумано или понижувачко постапување.

Размената на искуствата и добрите практики, како и информации за создавање на услови за ефикасно спроведување на овластувањата во местата на лишување од слобода се уште еден дополнителен момент во борбата против оваа појава.

 


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија