Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 24.04.2020

    ПРЕПОРАКИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО...

    повеќе
  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ ОДЛИКУВАН СО „ОРДЕН ЗА ГРАЃАНСКИ ЗАСЛУГИ„ ОД СТРАНА НА КРАЛОТ НА ШПАНИЈА ХУАН КАРЛОС ПРВИ 22.11.2012

Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ ОДЛИКУВАН СО „ОРДЕН ЗА ГРАЃАНСКИ ЗАСЛУГИ„ ОД СТРАНА НА КРАЛОТ НА ШПАНИЈА ХУАН КАРЛОС ПРВИ

На народниот правобранител г. Иџет Мемети, на посебна свеченост што се одржа во резиденцијата на амбасадата на Кралството Шпанија, заменик амбасадорот на оваа земја г-ѓа Естер Мартин Падрон му  врачи „Орден за граѓански заслуги„ кој со кралски указ му беше доделен од страна на кралот на Шпанија Хуан Карлос Први. Орденот доаѓа како резултат на залагањата на омбудсманот  во  заштитата и одбраната на фундаменталните права на граѓаните.

„За мене ова одликување не е само поттик, туку и патоказ дека во вршењето на мојата функција сум одел во вистинската насока. Голема е честа кога човек по втор пат ќе почувствува дека му се вреднувани сите напори, кои ги дал со цел да помогне во почитувањето, остварувањето и заштитата на правата на граѓаните, а со тоа и за развојот на демократизацијата на општеството. Ова воедно е признание и за отвореноста и поддршката што ја имам од сите релевантни институции„ рече Мемети на чинот на врачувањето.

Според  заменик амбасадорот г-ѓа Падрон одликувањето е резултат на долгогодишната работа на народниот правобранител г.Мемети на полето на заштитата на човековите слободи и права.„Вие вашата функција низа години ја извршувате професонионално, непристрасно, а резултатите се повеќе од очигледни. Сметам дека овој орден  меѓу другото  е признание и за вашите лични квалитети„ рече Падрон на чинот на доделувањето.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија