Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

С О О П Ш Т Е Н И Е 04.04.2013

Скопје

С О О П Ш Т Е Н И Е

Во канцеларијата на Народнит правобранител во недела 7 април на денот на одржување на вториот круг на изборите  за  градоначалници на општините,  градоначалник на градот Скопје како и  на прегласувањата  во одредени избирачки места за избор на градоначалник на општина,  во периодот од 7 до 19 часот  ќе функционира беслатната телефонска линија :0800-54321 на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Отворени за граѓаните ќе бидат  сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип  со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

          Покрај лично во канцелариите како и на бесплатната линија граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на  следниве телефонски броеви: Тетово 044 344- 082, Струмица 034 329 996,Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389 701, Куманово 031 431-488.
Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со  преземање на итни мерки за ефективно  постапување од странa на  надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.
И во оваа прилика народниот правобранител  потенцира дека избирачкото право е  уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека  никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.
                                                               

                                                                                                       Одделение за односи со јавност
                                                                                                         НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија