Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПРЕЗЕНТИРАН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОЧИТУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ВО 2012. 29.03.2013

Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОЧИТУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ВО 2012.

Дозволете да Ве известам дека денес го информирам Собранието на Република Македонија за степенот на обезбедување почитување, унапредување и заштита на уставните и законските права на граѓаните за 2012 година. 
Извештајна година бројот на примени претставки бележи пораст споредено со претходната  година. 
Овој податок покажува, дека и понатаму повредите на човековите права се бројни, и дека Народниот правобранител е се поблиску до граѓаните.
Во 2012 година Народниот правобранител постапуваше по вкупно 5.220 претставки од кои во извештајниот период беа примени 4.346, а останатите 874 беа пренесени од претходната година. 
Од вкупниот број на претставки по кои постапуваше  Народниот правобранител завршени се  4401 предмет,  од кои во 1356 се констатирани повреди на човековите слободи и права.
Граѓаните во 2012 година најмногу се жалеа за нивните права како потрошувачки. Граѓаните побараа заштита на  правата за снабдувањето со топлинска енергија, електрична енергија, состојбите кои се однесуваат на услугите на јавните комунални претпријатија, како и телефонските услуги и наплатата на радиодифузната такса.
И понатаму голем е бројот на претставките во областа правосудство кои се однесуваат на остварување на правото на судење во разумен рок, а констатиравме и зголемување на претставките кои се однесуваат на неправилности во работата на извршителите.
Понатаму следат претставките во делот на работата на полицијата; работните односи; казнено-поправните установи; имотно-правните односи; пензиско и инвалидско осигурување; социјалната заштита; права на детето и т.н.
Од вкупниот број примени претставки во 49% постапката е запрена, додека во 26,50% од поднесените претставки Народниот правобранител констатирал повреди.
Од вкупниот број претставки во 84% постапката е завршена, додека во 16% постапката е во тек.

Од вкупниот број на констатирани повреди, во 77% органите постапиле по нашите интервенции, во 14% се уште не е постапено, а во 9% Народниот правобранител ги презел сите законски дејствија.
Во извештајната година беа примени мал број на претставки за заштита од дискриминација. Од нив во 9 случаи Народниот правобранител констатирал дискриминација, односно повреда на правата поради различен третман за што упати препораки од кои  8 беа прифатени.
Кога станува збор за правата на детето, најголемиот дел, односно 45% се однесуваа на правата на детето во семејството, состојба што загрижува, по што следеа правата на детето во образовните установи и социјалната заштита.
15% од претставките кои се однесуваат на правата на детето се за семејно или друг вид насилство како и за физичко и психичко малтретирање  во училиште или установа.
И во извештајната година Народниот правобранител продолжи да ја извршува надлежноста на Национален превентивен механизам (НПМ) согласно Факултати-вниот протокол кон Конвенцијата на ОН против тортура.
Во таа насока НПМ тимот спроведе  32 превентивни посети, од кои 25 се редовни, а 7 последователни.
За прв пат во превентивните посети во местата на лишување од слобода преку невладиниот сектор беа вклучени и надворешни експерти – психијатри.
За наоѓањата на Националниот превентивен механизам изготвувам посебен годишен извештај кој ќе го објавам во месец мај.
          1. Кога станува збор за потрошувачките права, не секогаш се почитува правото на избор на граѓаните, а квалитетот на услугите е на незадоволително ниво;
Потребна е натамошна либерализација на пазарот, а локалните власти да вложат напори и да обезбедат услови граѓаните да живеат во здрава урбана и рурална средини.
          2. Повикувам на толеранција, меѓусебно почитување и еднакво постапување кон сите граѓани без разлика на различностите.
          3. Во правосудниот систем се уште се присутни долготрајните постапки, особено пред првостепените граѓански судови и Управниот суд.
Препорачувам надградба на системот од организациски, кадровски и материјално – технички аспект.
          4. Јавната администрација се уште е под нивото на ефикасен и професионален сервис на граѓаните;
Препорачувам поинтензивно да се продолжи со обуките за јакнење на капацитетите на човечките ресурси во јавната администрација.
          5. Полицијата не секогаш навремено ги презема овластувањата согласно законот, намален е бројот на претставки за пречекорување на полициските овластувања, а зголемен бројот на претставки за непреземање мерки.
          6. Неефикасното решавање на имотно - правните состојби создава правна несигурност. Органите не секогаш обезбедуваат еднаква, непристрасна и објективна примена на прописите во решавањето на имотно-правните работи;
          7. Условите и третманот во затворите се уште загрижуваат  поради што лицата лишени од слобода и понатаму нецелосно или со тешкотии ги остваруваат нивните права;
          8. Системот на превенција и заштита на децата се уште не е ефикасен, а децата во ризик често пати се изложени на злоупотреба и насилство. 

Препорачувам преземање неопходни мерки за превенција на децата од злоупотреба и насилство и нивна едукација;
На крајот, сакам да истакнам дека и покрај зголемениот процент на прифатени интервенции на Народниот правобранител, се уште отсуствува соодветна реакција и долгорочно решение за појавите кои доведуваат до повреди на човековите слободи и права.
Години наназад континуирано укажувам на системски проблеми и пропусти, па во таа насока сметам дека е потребно преземање на сеопфатни мерки за надминување на негативните состојби.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 5
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија