Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 24.04.2020

    ПРЕПОРАКИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО...

    повеќе
  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

01.03.2013

Скопје

РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД НАПАДИТЕ ВРЗ ДЕЦА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ГЛАВНИОТ ГРАД-СКОПЈЕ

По повод последните настани на територијата на градот Скопје, во кои жртви на тепање и малтретирање се деца, Народниот правобранител сериозно загрижен реагира до надлежните институции и бара од нив брзо и ефективно да преземат мерки за расветлување на сите случаи, со цел заштита на нападнатите и спречување на евентуалното проширување на оваа појава.
Само брзата реакција на надлежните институции ќе придонесе за запирање и натамошно спречување на насилствата врз децата, со што ќе се создадат услови за толеранција меѓу децата, младите и целокупната популација.
 Нападите врз младите, но и манифестирањето на нетрпеливост врз етничка основа,  одат во прилог на уште подлабоки делби што, пак, се погубни за нашето општество кое е мултиетничко и лесно ранливо, особено што сите сме свесни дека едно насилство предизвикува друго.
Народниот правобранител ги повикува сите чинители во општеството да бидат свесни за одговорноста која ја носат и да работат на спречување на ваквите насилни настани, со цел воспитување на млада популација, која ќе ги вреднува и почитува различностите.
           НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија