Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА 10.12.2012

Скопје

ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Денешниот ден 10 декември - Меѓународниот ден на човековите права и оваа година e можност на сите кои што работат во заштитата на правата да се потсетат на Универзалната декларација за човековите права според која, сите луѓе се раѓаат слободни и со еднакви права и достоинство.

Ова дотолку повеќе што годинашното одбележување на денот на човековите слободи и права  е посветен  на сите луѓе - млади, стари, жени, деца, лица со хендикеп, домородното население,малцинства, сиромашни и маргинализирани. Со еден збор сите чинители кои секој на свој начин го дава својот придонес за развој на општеството.

Младите го движат светот напред, старите со својата мудрост советуваат, децата се нашата надеж, жените се борат за рамноправност, лицата со хедикеп да докажат дека по ништо не се различни. Значи сите се борат да се слушне нивниот глас, да бидат подеднакво вклучени во одлучувањата за иднината.
Како темелна вредност, човековите права се уште позначајни кога граѓаните се гледаат низ призмата на еднаквост, кога нивното  почитување е без дискриминација, стереотипи и предрасуди, односно без поттикнување насилство и омраза едни спрема други.

Напорите за обезбедување на човековите права за сите е цел кон која треба да се стремиме. Нивното имплементирање треба да биде наш патоказ за да можеме да зборуваме за вистински напредок на ова поле.
Затоа, овој ден нека биде поттик и инспирација на сите бранители на човековите права во насока на зајакнување на активностите на овој план,  водич кон разбирањето и толеранцијата, еднаквоста и меѓусебното почитување.
Овој ден да не охрабри да продолжиме да ги штитиме човековите права заедно со оние граѓани кои се борат за свое место во општеството, за почит и достоинство. Само на таков начин успешно ќе го изодиме патот кон поправедно општество,во насока на почитување и спроведување на владеењето на правото и создавање услови сите да ги уживаат своите, а да ги почитуваат  правата на другите.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија