Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

03.12.2012

Скопје

ПОРАКА ПО ПОВОД 3-ТИ ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ

Денес кога се одбележува Денот на лицата со инвалидност – 3 Декември,   сакам да испратам порака до сите релевантни институции со цел да преземат мерки и активности кои ќе придонесат кон остварување и почитување на правата на лицата со инвалидност и нивно вклучување во општествените процеси.

Република Македонија во Декември 2011 година ја ратификуваше Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност со што се обврза да ги обезбеди услови за остварување и почитување на пропишаните права. Конвенцијата на Обединетите нации и позитивните законски прописи во Република Мекедонија не создоа нови права за лицата со инвалидност  кои се надвор од корпусот на основните човекови права и слободи туку ги појаснија веќе постоечките обврски на земјите-потписнички на Конвенцијата во однос на лицата со попреченост.

Борбата на лицата со инвалидност не треба да се сфати само како социјално прашање туку како човекови слободи и права и да се разбере дека човековите права се еднакви за сите.

Особено е битно лицата со инвалидност да имаат еднакви права и слободи како и другите граѓани, да имаат достоинствен живот без никаква дикриминација, со право на пристап, до сите сервиси и јавни услуги, да им се овозможи да живеат во својата заедница со своето семејство, да се целосно социјално интегрирани и да партиципираат во заедницата. Со еден збор да им ги почитуваме разликите,  но да  бидат изедначени во можностите.

Народниот правобранител , во рамките на своите надлежности во 2012 година, посвети посебно внимание на лицата со инвалидност, а особено на правата на децата со инвалидност во делот на: образованието, здравствена и социјална заштита и нивната вклученост и учество во општествено-социјалниот живот, сепфатен пристап кон остварување на правото на здравствена заштита како и анализата на сотојбата на остарување и почитување на правото на вработување. Преку неколкуте организрани Тркалезни маси во Скопје и во другите градови низ државата, со надлежните институции, органи и организации кои работат на овие прашања, Народниот правобранител повторно ја истакна својата заложба за почитување и остарување на човековите права на лицата со инвалидност.

  
                                                                                                 НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија