Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 24.04.2020

    ПРЕПОРАКИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО...

    повеќе
  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ ОДЛИКУВАН СО ОРДЕН „ОФИЦЕР НА НАЦИОНАЛНИОТ РЕД ЗА ЗАСЛУГИ„ ОД СТРАНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФРАНЦИЈА ФРАНСОА ОЛАНД 27.09.2012

Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ ОДЛИКУВАН СО ОРДЕН „ОФИЦЕР НА НАЦИОНАЛНИОТ РЕД ЗА ЗАСЛУГИ„ ОД СТРАНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФРАНЦИЈА ФРАНСОА ОЛАНД

За посебен придонес во одбраната на фундаменталните права на граѓаните,  за негување на добрите односи помеѓу Македонија и Франција како и за активностите во рамките на Асоцијацијата на народните правобранители и медијатори од франкофонијата  народниот правобранител г. Иџет Мемети со указ на претседателот на Република Франција Франсоа Оланд доби одликување „Офицер на националниот ред за заслуги„.
Одликувањето му беше доделено од страна на францускиот амбасадор Н.Е. Жан Клод Шлумберже на посебна свеченост што се одржа во француската резиденција.
„Чинот на носење на ваков Указ сам по себе говори што значат човековите права, што значи дијалог на различните нации, што значат проекти во самото општетство. Ако народните правобранители со своите зборови успеат да уверат дека има прекршување и дека тоа не треба да се случи, таквиот чин за нив е поттик уште повеќе да работаат на ова поле„ рече Мемети заблагодарувајќи се за добиеното одликување.
Според амбасадорот Шлумберже назначувањето на г.Мемети за народен правобранител во 2004 година е  последица на она што тој го има сторено на професионаен план. „Собранието одлучи да му ја додели оваа функција на човек, од правото, со огромно искуство. Со тоа беше доделено признание на вашите лични квалитети„ рече Шлумберже на чинот на доделувањето. 

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 120
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија