Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

26.06.2012

Скопје

ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА

Поддршката на жртвите од тортура претставува една од основните обврски на секое општество кое ги почитува демократските принципи и меѓународни стандарди за човековите права.

Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура е уште една можност да ја истакнеме нашата заложба за искоренување на тортурата и другите форми на нехумано постапување, како и да ја нагласиме потребата од зајакната улога на превенцијата која ќе ги намали можните случаи на тортура во иднина.

Република Македонија со ратификацијата на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување ја презеде обврската да ги почитува заложбите на Обединетите Нации за сеопфатна борба против тортурата. Преку формирањето на превентивни механизми државите членки на Обединетите нации се согласија дека заштитата на жртвите од тортура може да се зајакне со вон-судски средства од превентивен карактер, врз основа на редовни посети на местата на лишување од слобода.

Во таа насока како Национален превентивен механизам сакам да нагласам дека превенцијата има значајна улога во борбата против тортурата и другите форми на сурово и нечовечно постапување и казнување. Само преку заштита на правата на граѓаните кои биле жртви на тортура или нечовечно постапување, без навремено укажување на можните ризици, недостатоци и легислативни празнини, нема да се оствари целта која треба да ја  постигнеме.

Овој ден е посветен на поддршка на жртвите од тортура и со негово одбележување сакам уште еднаш да апелирам до сите релевантни институции да преземат суштински мерки кои ќе придонесат во борбата против тортурата и да ги прифатат препораките од превентивниот механизам со што ќе се намалат ризиците и ќе се обезбеди нулта толеранција на било каков чин на тортура или друго нехумано постапување или казнување.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија