Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 23.01.2020

    СЛУЧАЈОТ СО МАЛОЛЕТНИКОТ ВРЗУВАН ЗА КРЕВЕТ КОЈ ГО ОБЕЛОДЕНИ НАРОДНИОТ...

    повеќе
  • 04.01.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 4 ЈАНУАРИ - СВЕТСКИОТ...

    повеќе
  • 10.12.2019

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10-ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГО ОБЈАВИ И ДО СОБРАНИЕТО ГО ДОСТАВИ ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА 2011 ГОДИНА 28.03.2012

28.03.2012, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГО ОБЈАВИ И ДО СОБРАНИЕТО ГО ДОСТАВИ ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА 2011 ГОДИНА

„Нееднаквиот третман на граѓаните, делбите и исклучувањата по разни основи остануваат забележителни појави, правосудниот систем се уште е со долготрајни постапки,  додека социјалниот ризик на граѓаните како потрошувачи е се поизразен поради неквалитетните услуги и производи со високи цени. Исто така, и натаму постои неефективно решавање на имотно-правните случаи што создава правна несигурност, правата од работен однос најзагрозени како резултат на нееднаквиот третман, лицата лишени од слобода не ги остваруваа правата согласно предвидените стандарди, а непрофесионалното полициско постапување и понатаму е присутно. Останува фактот дека системот на превенција и заштита на децата од секаков вид насилство и злоупотреба се уште е неефективен, а степенот на професионалност и одговорност во работата на јавната администрација се уште не задоволува.

Ова, меѓу другото, го рече народниот правобранител г. Иџет Мемети презентирајќи го Извештајот за работата во 2011 година во кој се прикажани оценките за состојбите со човековите права.

„И покрај забележаниот зголемен процент на прифатени интервенции на Народниот правобранител, се уште отсуствува соодветна реакција на укажувањата за појавите кои доведуваат до повреди на човековите слободи и права. Затоа, потребен е ефективен пристап во решавањето на негативните состојби кои Народниот правобранител ги констатира во Годишниот извештај.“ - истакна г. Мемети.

Пребарување

Кaлендар на настани

февруари 2020
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија