Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

21.10.2015

21.10.2015, Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПРОТЕСТИТЕ НА СРЕДОШКОЛЦИТЕ

С О О П Ш Т Е Н И Е

Народниот правобранител, во врска со сознанијата дека на средношколците им се врши притисок и закани да не излегуваат на протести  поврзни со екстерното тестирање апелира учениците да не се попречуваат во правото на мирно изразување на незадоволство, односно правото на слободно мислење и слободно изразување по однос на сите прашања кои ги засегаат децата и младината, согласно законите и меѓународните документи ратификувани од страна на Република Македонија.
                                                                     
Во тој контекст укажува дека мирното изразување на протест е уставно гарантирано право, поради што упатува преку непосреден дијалог да се слушне размислувањето на учениците за  реформите во образованието, затоа што тие директно се засегнати од промените во воспитно-образованиот процес, што пак влијае на нивниот развој и изградба на нивната личност.

Само по пат на комуникација и разговор за проблемите може да се очекуваат конструктивни и издржани промени, со кои  ќе се постигне квалитетно образование, а со посветувањето на потребното внимание за ставовите на младите ќе се потврди дека се почитуваат како субјекти, и му се дава важност на нивното учество при носењето одлуки кои ги засегаат директно децата и младите.


                                                        
                                                                                                            Одделение за односи со јавност

                                                                                                                 НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија