Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

06.07.2011

Скопје

УСЛОВИТЕ ВО ПСИХИЈАТРИСКИТЕ БОЛНИЦИ И СПЕЦИЈАЛНИОТ ЗАВОД ДЕМИР КАПИЈА ОТСЛИКАНИ ВО ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Со цел да се утврди состојбата со остварувањето, почитувањето и заштитата на правата на лицата сместени во наведените здравствени установи, а согласно Програмата за работа, Народниот правобранител како и претходната така и минатата година, ги посети и направи увид во психијатриски болници во: Скопје, Демир Хисар и Негорци – Гевгелија, како и во Специјалнит завод Демир Капија.Притоа за констатираните состојби омбудсманот  изготви  извештај за оштите соостојби  во кој даде  препораки со цел да се надминат утврдените состојби со цел остварување на правата на пациентите.

Така омбудсманот за психијатриските болници меѓу другото препорачува за секој пациент да се изработи индивидуален план за третман и рехабилитација, согласно неговата соостојба и индивиуалните потреби.Исто така, една од препораките е да се подобри општата состојба во поглед на просторните услови нивната уреденост и да се подигне нивото на хигиената, како и да се овозможи почести обуки за кадарот заради подобрување на квалитетот на третманот на пацинетите.

Што се однесува до препораките за Специјалниот завод Демир Капија Народниот правобранител смета дека и натаму треба да се работи на создавање на соодветни услови за продолжување и спроведување на процесот на деинституционализација, како и континуирана едукација и обука на медицинскиот и другиот персонал во установата.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија