Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

01.10.2011

ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДИ ПРИ ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА

Во канцеларијата на Народниот правобранител од 1-ви октомври започна да функционира бесплатна телефонска линија на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права за време на претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите. Бројот на којшто граѓаните ќе можат да ги пријавуваат евентуалните повреди на нивните права за време на попистот е:  0800 54321.

Телефонската линија е финансирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, односно нема да биде следена вообичаената постапка за поднесување претставка, туку претставки ќе се составуваат телефонски.

Важно е да се истакне дека Народниот правобранител правата на граѓаните ќе ги штити со барање брзо и ефикасно постапување од надлежни органи во процесот на пописот и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на загарантираните права на граѓаните.

Имајќи ја предвид важноста на пописот, Народниот правобранител ги охрабрува граѓаните доколку сметаат дека им е повредено некое од правата за време на пописот на населението, домаќинствата и становите да се јават на бесплатниот телефонски број.

Телефонската линија ќе функционира во текот на времетраењето на пописот.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија