Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

26.06.2011

ИЗЈАВА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА

Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура, е начин да ја истакнеме нашата цврста заложба за искоренување на тортурата и сите други форми на нехумано постапување и казнување и да ја потенцираме потребата за целосна рехабилитација на нејзините жртви.

За жал, и покрај многубројните документи за забрана на тортурата и утврдените инструменти за превенција и заштита на луѓето од ова зло, конфликтите и тензиите во светот придонесуваат тортурата се уште да биде реалност.

Затоа, на овој ден уште еднаш потсетуваме дека постои апсолутна забрана на тортурата во меѓународното право и ниту еден чин на тортура или друго нехумано постапување и казнување не може да се оправда со  било какви исклучоци, без оглед дали постои закана од војна или друга општествена  нестабилност. Чинот на тортура не може со ништо да се оправда.

Токму таа забрана, ги обврзува државите во светот да ја почитуваат и да преземаат ефективни законски, административни, судски и други мерки за да се спречи тортурата и да се обезбеди соодветен одговор на нејзиното манифестирање но и обезбедување на целосна рехабилитација на нејзините жртви.

Оттука, го користам овој ден уште еднаш да апелирам до сите релевантни органи и институции со своите  мерки и активности да придонесат во борбата против тортура и со тоа да покажат дека постои нулта-толеранција на каков било чин на тортура или друго нехумано постапување и казнување.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија