Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ ГО ПРОМОВИРАШЕ ТИМОТ КОЈ ЌЕ РАБОТИ НА ПРЕВЕНЦИЈАТА ОД ТОРТУРА ВО СИТЕ УСТАНОВИ И МЕСТА КАДЕ ЛУЃЕТО СЕ ИЛИ МОЖАТ ДА БИДАТ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА 22.06.2011

НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ ГО ПРОМОВИРАШЕ ТИМОТ КОЈ ЌЕ РАБОТИ НА ПРЕВЕНЦИЈАТА ОД ТОРТУРА ВО СИТЕ УСТАНОВИ И МЕСТА КАДЕ ЛУЃЕТО СЕ ИЛИ МОЖАТ ДА БИДАТ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА

„Република Македонија во 2006 година го потпиша факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура и друг вид на сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, а во декември 2008 година го ратификуваше при што одлучи Народниот правобранител да ја врши улогата на национален превентивен механизaм со можност да го вклучи и невладиниот сектор„.

Ова меѓу другото го рече Народниот правобранител г. Иџет Мемети на прес-конференцијата  на која го промовираше тимот кој ќе работи на полето на превенција од тортура и друг вид на сурово нечовечно или понижувачко постапување или казнување и воедно го означи стартот на неговата работа.

Омбудсманот исто така упати апел до сите установи и институции како и до сите други места за лишување од слобода дека тимот ќе врши најавени и ненајавени посети и дека согласно Уставот и Факултативниот протокол тие се должни да им овозможат пристап до местата и до лицата лишени од слобода, како и пристап до сите документи и информации кои се однесуваат на овие лица.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија