Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

20.05.2011

ПОЧНА СО РАБОТА БЕСПЛАТНАТА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПОВРЕДИТЕ НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО

 Во канцеларијата на Народниот правобранител од 20 мај почна да функционира бесплатна телефонска линија на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Бројот на кој што граѓаните можат да ги пријават овие неправилности  во предизборниот период и на денот на гласањето е  0800 54321.

Телефонската линија е финансирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,а ќе функционира секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш односно нема да биде следена вообичаената постапка за поднесување на претставка туку истата ќе се составува телефонски.

Она што е важно да се истакне е дека Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со тоа што ќе бара брзо и ефикасно постапување од другите надлежни органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е слободно, неповредливо и се остварува непосредно на слободни избори со тајно гласање.

Затоа никој не смее никого да  повикува  на одговорност заради гласањето, или ,пак, да бара  да каже за кого  гласал, или зошто не сте гласал. Не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

 Поради тоа, а имајќи ја предвид суштинската важност на избирачкото право, Народниот правобранител ги охрабрува сите оние кои сметаат дека им е повредено ова право истото веднаш да го пријави.

Слободата на определување и гласање им припаѓа на граѓаните и никој не смее да им го загрози тоа право.
Затоа, заштитетего своето избирачко право!

Слободно определете се и гласајте!

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија