Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 15.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ -...

    повеќе
  • 09.10.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 06.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 6 ОКТОМВРИ - СВЕТСКИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

29.10.2019

29-31.10.2019, Загреб, Република Хрватска

УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА УЛОГАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ГРАДЕЊЕ НА МИР

Претставник на Народниот правобранител учествуваше на работилница насловена „Истражувајќи ја улогата на Националните институции за човекови права во градење на мирот“, што во организација на Европската мрежа на Национални институции за човекови права (ЕННХРИ) се одржа во Загреб, од  29 до 31 октомври 2019 година.

Работилницата имаше за цел да го истражи односот помеѓу човековите права и градењето мир, како и да ја разгледа улогата што институциите за човекови права би можеле да ја имаат на ова поле. Низ разни примери земени од земји во Европа, но и пошироко се дискутираа разни стратегии и пристапи за градење мир во конфликти општества, одржување на долготраен мир, како и градење и јакнење на доверба помеѓу страните зафатени со конфликт во постконфликти општества, улогата на образованието и важноста на кампањите за подигање на свесноста кај граѓаните за мир и мирољубиво разрешување на конфликти.

За сликовито прикажување на горенаведените теми, на работилницата се споделија добри пракси од Европа, но и пошироко во светот.

На работилницата зедоа учество претставници на Национални институции за човекови права на ЕННХРИ, но и претставници од вакви и слични тела и комисии од Уганда, Шри Ланка и Гватемала.

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија