Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 24.04.2020

    ПРЕПОРАКИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО...

    повеќе
  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

СТУДИСКА ПОСЕТА НА ЗАМЕНИЧКАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА 03.09.2019

Љубљана, Р.Словенија

СТУДИСКА ПОСЕТА НА ЗАМЕНИЧКАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА

Заменичката на народниот правобранител, г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа, од 3 до 5 септември 2019 година беше на студиска посета во Р.Словенија, како дел од Делегацијата на Република Северна Македонија, заедно со пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, Генералната секретарка на Собранието, претставници на невладин сектор и на Комисијата за заштита на лични податоци и на Државната комисија за спречување  на корупција.

Целта на студиската посета беше размена на искуства и добри практики при разгледување, усвојување и следењето на постапувањето по препораките на Годишниот извештај на Народниот правобранител и други самостојни државни органи, согласно Белградските принципи, и во таа насока беа остварени средби со Народниот правобранител на Р.Словенија, Комесионерот за информации и со неколку собраниски комисии во чија надлежност е контролата на јавните финансии, постапување по петиции, заштита на човекови права и еднакви можности, превенција од корупција и сл.

Оваа активност се реализира во рамките на програмата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за поддршка на демократските реформи и институционално зајакнување на надзорната улога на законодавниот дом, преку создавање комплементарна и продуктивна соработка со Народниот правобранител и други самостојни државни органи.

Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија