Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 24.04.2020

    ПРЕПОРАКИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО...

    повеќе
  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

РАБОТНА СРЕДБА НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА АЗИЛ И МИГРАЦИЈА (A&M WG) НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА НАЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА (ЕННХРИ/ENNHRI) 25.04.2019

25-26.04.2019 Загреб, Република Хрватска

РАБОТНА СРЕДБА НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА АЗИЛ И МИГРАЦИЈА (A&M WG) НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА НАЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА (ЕННХРИ/ENNHRI)

Претставник од канцеларијата на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам, на 25-26 април 2019 година присуствуваше на работна средба што се одржа во Загреб, Хрватска, во организација на Европската мрежа на национални институции за заштита на човековите права (ЕННХРИ /ENNHRI).

Оваа работна средба е резултат на соработката помеѓу Националниот превентивен механизам – Народен правобранител и Европската мрежа на национални институции за заштита на човековите права, како и членството на претставник на НП – НПМ во Работната група за Азил и Миграција (A&M WG), која што е дел од ЕННХРИ.

Целта на работната средба беше градење на капацитети, како и размена на искуства и практики за работењето, спроведените активности и постигнатите резултати во текот на изминатата година, во поглед на заштита на правата на мигрантите и бегалците, како и предочувањето на идните активности во истата област.

На средбата присуствуваа претставници на Национални институции за заштита на човекови права од повеќе Европски држави, како и претставници од Канцеларијата на Комесарот за човекови права при Совет на Европа, Комитетот на ОН за правата на детето и претставник од Агенцијата за фундаментални права на Европската Унија.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 10
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија