Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА ОБЈАСНУВАЧКИ СОСТАНОК ЗА ПОГЛАВЈЕ 19: СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И ВРАБОТУВАЊЕ 03.04.2019

03-05.04.2019, Брисел

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА ОБЈАСНУВАЧКИ СОСТАНОК ЗА ПОГЛАВЈЕ 19: СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И ВРАБОТУВАЊЕ

Претставници на Народниот правобранител, предводени од заменик Васка Бајрамовска-Мустафа зедоа учество на објаснувачкиот состанок (скрининг) за Поглавјето 19: Социјална политика и вработување, како прв чекор кон подготовките за отпочнување на преговорите на земјата со Европската Унија. Состанокот се одржа во седиштето на Европската комисија во Брисел, Белгија, во периодот од 03 до 05 април 2019 година.
Ваквиот вид состаноци Република Северна Македонија ги отпочна во септември 2018 година и се одржуваат за секое поглавје поединечно.

Овој објаснувачки состанок се однесуваше за две земји кандидати за членство во Европската Унија, па така покрај претставници од Република Северна Македонија, на состанокот зедоа учество и претставници од релевантни тела и институции на Република Албанија.
 
Во текот на трите работни дена, претставници на директоратите на Европската комисија ги запознаа присутните со сите релевантни директиви во врска со темата на состанокот и нивната практична примена. Се разменија информации поврзани со работните односи, здравјето и заштитата при работа, социјалната инклузија и социјалната заштита, родовата еднаквост, лица со попреченост и др.

Претставниците од двете земји по секоја директива развиваа дискусија со цел подетално појаснување за новелите што треба да се применат во националното законодавство, а за сработеното и законодавната усогласеност со правото на ЕУ ќе треба повратно да се информира во текот на билатералниот скрининг кој е следен чекор од преговите на земјата со ЕУ.

Покрај претставниците на Народниот правобранител, на состанокот зедоа учество претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерство за транспорт и врски, Државниот завод за статистика и други национални институции и тела.

Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија