Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАШЕ НА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ТОЛЕРАНТНИ И ИНКЛУЗИВНИ ОПШТЕСТВА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН“ 14.11.2018

14-15.11.2018, Подгорица, Република Црна Гора

ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАШЕ НА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ТОЛЕРАНТНИ И ИНКЛУЗИВНИ ОПШТЕСТВА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН“

Во Подгорица, Република Црна Гора се одржа Регионална конференција  на тема „Толерантни и инклузивни општества на Западен Балкан”, на која учествуваа претставници од Министерства/Институции одговорни за човекови права и национални малцинства; Национални институции за човекови права, Тела за еднаквост, пратеници кои се членови на парламентарни тела кои работат на промовирање и заштита на човековите права/антидискриминација; граѓански организации кои работат во областа на анти-дискриминација/заштита и промовирањето на националните малцинства; службени лица од Европската унија/Советот на Европа и меѓународни експерти.

Народниот правобранител на Република Македонија, преку свој претставник кој работи на полето на заштита од дискриминација и соодветна и правична застапеност, зема активно учество на оваа конференција со дискусии во работните групи.

Целта на одржување на Конференцијата беше  поставување на рамката на планирање за идните програми за анти-дискриминација и заштита на малцинствата, врз основа на препораките на мониторинг телата на Советот на Европа, како што се Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства (FCNM) и Европската повелба за регионални или малцински јазици (ECRML).

Регионалната конференција даде можност да се нагласат некои клучни препораки на овие тела што се заеднички за сите корисници од Западен Балкан, вклучително и недоволните капацитети и координација помеѓу релевантните национални институции; недоволното учество на малцинствата (и нивните организации) во јавниот живот и донесувањето одлуки; потребата од натамошно зајакнување на спроведувањето на законодавните рамки; и натамошното подигнување на свеста за националните малцинства, нивните права, култура, традиции и наследство на самите малцинства и на мнозинството. 

Исто така, на Конференцијата беше дадена можност за натамошно промовирање и дискусија околу наодите на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ECRI).

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија