Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

18.10.2018

18-19.10.2018, Брисел, Белгија

ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАА НА СОСТАНОКОТ НА ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ПРАВДА И ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Претставници на Народниот правобранител учествуваа на 13-от состанок на Поткомитетот за правда и внатрешни работи, што се одржа во седиштето на Европската комисија во Брисел, Белгија на 18 и 19 октомври.

Претставникот на Народниот правобранител, државниот советник г. Зоран Билбилоски ги информираше претставниците на Поткомитетот за функционирањето и капацитетите на  институцијата Народен правобранител.

Посебен акцент во неговот излагање имаше кадровското зајакнување на институцијата, соработката со институциите на извршната власт, имплементацијата на утврдените мерки за спроведување на препораките дадени во Годишниот извештај и за буџетот на Народниот правобранител. Тој се осврна и на активностите кои треба да следат во наредниот период, како што се востановувањето  на Механизмот за надворешна контрола на полицијата и следењето на имплементацијата на Конвенцијата за права на лицата со попреченост.

На состанокот со свои излагања учествуваа претставници од сите институции чија работа е предмет на разгледување на Поткомитетот, и тоа како од извршната и судската власт, така и од регулаторните тела.
Ваквиот вид состаноци се одржуваат еднаш годишно со цел доставување информации за сработеното, како и преглед на постигнатите резултати по однос на препораките дадени од страна Поткомитетот во поглед на областите што истиот ги опфаќа.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија