Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

26.09.2018

26-28.09.2018, Портланд

УЧЕСТВО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОМБУДСМАН АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

Народниот правобранител, г. Иџет Мемети учествуваше на 39та годишна конференција на Асоцијацијата на Омбудсмани на Соединетите Американски Држави насловена како „Трасирање на патот до праведноста“ што се одржа во Портланд, Орегон од 26 до 28 септември 2018 година.

Конференцијата беше стратешки осмислена со цел да стимулира нови размислувања во однос на работата на Омбудсман институциите, како и да биде форум за дискусија и размена на искуства меѓу нив.

На еден интерактивен и илустриран начин се разговараше за повеќе теми, меѓу кои за истражните алатки ставени на располагање на институциите со цел постапување по претставки, за медиумите како важен сојузник, за расната еднаквост во американското општество, ревизиите кои им се наметнуваат на тамошните институции, а кои се однесуваат на функционирањето на Омбудсман институциите, и мноштво други состојби и проблеми кои од важност за Омбудсманите.

Во рамки на конференцијата се одржа и состанок на Меѓународниот омбудсман институт, а покрај претставници од Омбудсман институциите на Асоцијацијата, учество на конференцијата зедоа и меѓународни гости од Јужна Кореја, Алжир, Канада и др.

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија