Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

11.09.2018

11-12.09.2018, Брисел

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО TAIEX РАБОТИЛНИЦА ЗА НАСЛЕДСТВОТО ОД МИНАТОТО

Претставник на Народниот правобранител учествуваше на дводневен настан, регионална обука на независни тела за заштита на човековите права и слободи и невладиниот сектор насловена како „Наследството од минатото“, што во организација на инстиументот на Европската комисија TAIEX се одржа во Брисел, Белгија на 11 и 12 септември 2018 година.

Целта на оваа работилница беше јавно да се разговара за процесите за (повторно) воспоставување доверба меѓу земјите кои некогаш беа зафатени од вооружени конфликти, ставајќи особен фокус на вистината и правдата, репарациите, меморијата и спречувањето конфликти.

Преку мултидисциплинарен и родово инклузивен пристап, експертите и учесниците разговараа за компаративните искуства во Европа, но особено во земјите  од Западен Балкан.

На работилницата учество зедоа претставници од регионот на Западен Балкан, меѓународни организации и засегнати претставници на Европската комисија, DG Near.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија