Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • 16.03.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА НА НПМ МРЕЖАТА ВО ЕВРОПА 04.04.2017

04-05.04.2017, Стразбур, Република Франција

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА НА НПМ МРЕЖАТА ВО ЕВРОПА

Претставник на Народниот правобранител учествуваше на конференција по повод отпочнување на новиот проект на Советот на Европа, чија цел е создавање на  мрежа  на Националните превентивни механизми  (НПМ) во Европската Унија и пошироко, како и хармонизација на работата на НПМ во Европа. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија, а дводневната конференција се одржа во седиштето на Советот на Европа во Стразбур, Република Франција.

Во текот на двата работни дена, на конференцијата се дискутираше за јакнење на улогата на НПМ-ите во заштитата на човековите права во места на лишување од слобода, но и нивната функционалност на терен.

На конференцијата беше презентирано истражување (анкета) спроведено од Болтцман институтот за човекови права од Виена, кое на еден сликовит начин ги презентираше детектираните јаки, но слаби страни на НПМ во Европа, како и различниот начин на кој тимовите  на терен функционираат.

Во работни групи се дискутираше на повеќе теми, стана збор за соработката на НПМот со медиумите, соработката со невладиниот сектор, начинот на кој се спроведуваат теренските посети, пречки на кои тимовите наидуваат во реализација на теренските посети итн.

На наредниот координативен состанок ќе бидат подетално дефинирани идните активности на проектот, ќе стане збор и за миграцијата во Европа, а ќе се промовира и новото тело т.н. НПМ Опсерваторија.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија