Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО Г. ЏУЛИЈАН ПИЛ ЈЕТС, ШЕФ НА НАБЉУДУВАЧКАТА МИСИЈА ЗА ИЗБОРИТЕ НА ОБСЕ/ОДИХР 17.05.2011

Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО Г. ЏУЛИЈАН ПИЛ ЈЕТС, ШЕФ НА НАБЉУДУВАЧКАТА МИСИЈА ЗА ИЗБОРИТЕ НА ОБСЕ/ОДИХР

Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствари средба со г. Џулијан Пил Јетс, шеф на набљудувачката Мисија за време на изборите-ОБСЕ, ОДИХР.

На средбата се разговараше за важноста на правото на граѓаните на слободно определување и остварување на нивното избирачко право што претставува основа на едно здраво демократско општество.

Секако, беше потенцирана значењето и улогата на надлежните институции, изборните органи, а особено на Омбудсманот како и на граѓанското општество за време на предизборниот и изборниот период.

Омбудсманот воедно информираше за зајакнатата улога на канцеларијата во текот на предизборниот и изборниот период со поставувањето на бесплатната телефонска линија која што ќе биде финансирана од ОБСЕ што ќе им овозможи на граѓаните да побараат заштита на избирачкото право и во теко на предизборниот период како и на денот на гласањето.

Беше истакнато дека слободата на определеување и гласање им припаѓа на граѓаните и никој не смее тоа право да им го загрози.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија