Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

 ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ОМБУДСМАН И НОРВЕШКАТА ОРГАНИЦАЗИЈА „СПАСЕТЕ ГИ ДЕЦАТА“ 29.03.2011

Скопје

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ОМБУДСМАН И НОРВЕШКАТА ОРГАНИЦАЗИЈА „СПАСЕТЕ ГИ ДЕЦАТА“

Канцеларијата на македонскиот омбудсман годинава ќе биде домаќин на годишната и тематска средба на земјите членки на CRONSEE - мрежа на омбудсмани за деца од Југоисточна Европа. За таа цел омбудсманот г. Иџет Мемети и г. Бјорн Хаген, директор  на норвешката организација „Спасете ги децата“ - Регионална канцеларија за Југоисточна Европа, организација која ја поддржува мрежата, во Скопје потпишаа договор за соработка.

Имено, во рамките на соработката предвидено е во мај годинава во Скопје да се одржи тематска конференција на која претставници од земјите членки на CRONSEE ќе дискутираат за проблемите со телесното казнување на децата. Во септември, пак, во Охрид е планирано одржување на годишната средба на мрежата на омбудсмани каде ќе се разговара за детското питачење и како да им се помогне на децата и на родителите да го надминат овој проблем, со цел заштита на детските права.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија