Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА КОЈА УЧЕСТВУВАШЕ И НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ 10.12.2010

Скопје

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА КОЈА УЧЕСТВУВАШЕ И НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ

„Државите ја сносат основната одговорност за состојбите со човековите права, но и за слободното функционирање и дејствување на бранителите на тие права. Државите се тие кои треба да овозможат непречено практицирање на слободата на говорот и слободата на здружување, што воедно значи и да им овозможат слободно дејствување на бранителите на човеквите права.“

Ова меѓу другото го рече народниот правобранител г. Иџет Мемети во своето излагање на панел дискусијата што се одржа во Инфо центарот на Европската унија во Скопје, по повод прославувањето на 10-ти декември, денот на човековите права.

Омбудсманот потсети на важноста на дејствувањето на бранителите на човековите права, но и потребата за нивна поддршка.

„Оттука одговорноста на државите да им обезедат сигурност, заштита и простор за делување на бранителите на човековите права претставува основа за унапредување на односите во едно општество поради што мојот апел денес го насочувам токму кон оние коишто одлучуваат за правата на граѓаните.“- истакна г. Мемети.

Инаку на панел дискусијата со свои излагања меѓу другите учествуваа и: г. Ерван Фуере, специјален претставник и шеф на Делагацијата на Европската Унија во Македонија,  министерот за труд и социјална политика г. Џељаљ Бајрами, како и г-ѓа Диедра Бојд, постојан координатор на ОН во Скопје.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија