Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

 ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ОМБУДСМАН ОД СТРАНА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОМБУДСМАНОТ НА КРАЛСТВОТО НА МАРОКО 27.10.2010

Скопје

ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ОМБУДСМАН ОД СТРАНА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОМБУДСМАНОТ НА КРАЛСТВОТО НА МАРОКО

Подигнување на степенот на соработка, како и размена на кадри меѓу двете институции со особен акцент на посета на тренинг центарот за човекови права во Рабат. Ова меѓу другото беше договорено на средбата на македонскиот омбудсман г. Иџет Мемети и омбудсманот на Кралството Мароко г. Мухамед Ираки, што се одржа во рамките на дводневната посета на Канцеларијата на македонскиот омбудсман од страна на делегација на омбудсманот на Кралството Мароко.

„Размената на искуствата за работењето, а особено директната размена на кадри секогаш оди во правец на зајакнување на капацитетите   на институциите кои работат на полето на заштитата на човековите слободи и права.“ - рече народниот правобранител г. Иџет Мемети по средбата со својот колега.
Според г. Ираки и двете институции имаат слични надлежности како и иста цел - заштита на човековите слободи и права. „Се надевам дека со посетата на тренниг центарот за човекови права во Рабат уште повеќе ќе се зацврсти соработката меѓу двете институции.“ - рече г. Ираки.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија