Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ОМБУДСМАНОТ НА ФРАНЦИЈА Г. ЖАН ПОЛ ДЕЛЕВОА ВО ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ОМБУДСМАН Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ 25.06.2008

25-26.06.2008, Скопје

ОМБУДСМАНОТ НА ФРАНЦИЈА Г. ЖАН ПОЛ ДЕЛЕВОА ВО ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ОМБУДСМАН Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ

Народниот правобранител на Република Франција г. Жан Пол Делевоа на 25 и 26 јуни престојуваше во дводневна работна посета на канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија г. Иџет Мемети. Во рамките на посетата омбудсманот на Франција се сретна и со Претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски, како и со претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски. Омбудсманите на Македонија и на Франција учествуваа и на панел дискусијата по повод денот на борбата против тортурата организирана од специјалниот преставник на Европската унија и шеф на делегацијата на Европската комисија во Македонија, амбасадорот Ерван Фуере.

„Соработката помеѓу двете институции треба да се подобри и да се зајакне меѓусебната комуникација бидејќи на тој начин полесно ќе се евидентираат слабостите што се јавуваат“- рече македонскиот омбудсман г. Мемети.

Според омбудсманот на Франција г. Делевоа развивањето на заедничките проекти ќе помогнe во справувањето со предизвиците.

„Со мојот македонски колега разменивме мислења за состојбите со човековите слободи и права. Овие средби би требало да водат до многу поблиска соработка со македонските институции“- истакна г. Делевоа.

Свои излагања омбудсманите имаа и на панел дискусијата, а се однесуваа на заштита на жртвите од тортура.

„Во Република Македонија како резултат на евидентираните случаи на тортура се наметна потребата за зајакнување на механизмите за заштита на човековите права, следење на состојбите и нивна превенција.“- истакна г. Мемети во своето излагање.

Според омбудсманот на Франција транспарентноста е најефикасно оружје против тортурата.

„Лишувањето од слобода не е лишување и од другите права. Нашата институција еднаш неделно ги посетува казнено-поправните установи и со тоа им дава право на лицата лишени од слобода да имаат пристап до правни лица“- рече г. Делевоа.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија