Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ОБУКА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА ТЕМА: “ИДЕНТИФИКУВАЊЕ И ПОСТАПУВАЊЕ ПО СЛУЧАИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА” 21.04.2008

21-24.04.2008, Скопје

ОБУКА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА ТЕМА: “ИДЕНТИФИКУВАЊЕ И ПОСТАПУВАЊЕ ПО СЛУЧАИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА”

Кои и какви видови на дискриминација постојат? По каков се основ може да се дискриминира некое лице и како тоа да се препознае?

Ова беа само дел од дилемите кои преку обука под наслов “Идентификување и постапување по случаи на дискриминација” се обидоа да ги разрешат вработените во канцеларијата на народниот правобранител. Обуката која траеше во периодот од 21 до 24 април беше дел од заедничките проекти кои канцеларијата на омбудсманот ги спроведува со поддршка на ОБСЕ Мисијата во Скопје и шведската Агенција за меѓународен развој СИДА. 

“Македонија нема донесено општ закон за заштита од дискриминација, со што се отежнува работата околу овие случаи, иако само донесувањето закон не е доволно од причина што е потребно да се утврдат и другите механизми на заштита.” - рече меѓу другото народниот правиобранител на Република Македонија г. Иџет Мемети во своето обраќање. Според Мемети потребно е зајакнување на инструментите за заштита од дискриминација со што на граѓаните ќе им се помогне во случаите кога се дискриминирани.

За македонската правна рамка и постапувањата од страна на канцеларијата на Народниот правобранител зборуваше заменикот народен правобранител м-р Драги Целевски, а обуката ја вршеа преставничката од канцеларијата на австрискиот омбудсман д-р Патриција Хеиндел, како и преставици од словенечкиот омбудсман г. Боштјан Верник и г-ца Манца Сетинц.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија