Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

7-8.11.2007, Струмица, КумановоТРКАЛЕЗНИ МАСИ ВО СТРУМИЦА И ВО КУМАНОВО НА ТЕМА “СОРАБОТКАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ” 07.11.2007

7-8.11.2007, Струмица, КумановоТРКАЛЕЗНИ МАСИ ВО СТРУМИЦА И ВО КУМАНОВО НА ТЕМА “СОРАБОТКАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ”

“Соработката помеѓу Народниот правобранител и локалната самоуправа е добра, но треба и натаму да се унапредува. За таа цел потребни се почести средби помеѓу Омбудсманот и преставниците на локалната власт  со цел полесно да се решаваат проблемите на граѓаните”.
Ова се дел од заклучоците од тркалезните маси што канцеларијата на Народниот правобранител поддржана од Мисијата на ОБСЕ и Шведската агенција за развој (СИДА) ги организираа на седми и осми ноември во Струмица и во Куманово, а на кои се дебатираше на тема: “Соработката на Народниот правобранител со локалната самоуправа”. На тркалезните маси учествуваа народниот правобранител г. Иџет Мемети, заменикот - министер за локална самоуправа г. Сенад Оџоски, градоначалниците на Струмица и на Куманово г.Зоран Заев и г.Зоран Дамјановски, преставници на локалната самоуправа, како и преставници на СИДА г. Даниел Асплунд и на ОБСЕ г. Ѕал Маргвелашвили.
“Во Република Македонија тече процесот на децентрализација во кој општините добија голем дел од надлежностите на централната власт, а кои се од голема важност за живеењето на граѓаните. Од тие причини од голема важност е соработката на Омбудсманот и локалната администрација” - истакна народниот правобранител г. Иџет Мемети. Тој потенцираше дека заради поголема достапност на институцијата Народен правобранител до граѓаните отворени се шест регионални канцеларии каде граѓаните можат да  доставуваат преставки. “Соработката со локалната администрација е добра, но не треба тука да се застане. Таа треба и понатаму да се унапредува со цел да им се олесни животот на граѓаните” - рече Мемети.
Според заменик - министерот за локална самоуправа г. Сенад Оџоски децентрализацијата е сложен и комплексен процес. “Најважна е соработката и постоењето слух за заедничко решавање на проблемите. Ако Европа инсистира на соработка во регионот, првата лекција треба да ја научиме дома. Да соработуваме едни со други, општините меѓу себе” - рече Оџоски.
За преставникот на шведската Меѓународна агенција за развој г. Даниел Асплунд за развојот на демократијата многу е важна соработката помеѓу Омбудсманот и локалната администрација. “Овие две институции заедно играат значајна улога во промоцијата на правата на граѓаните”-  истакна Асплунд.
“ОБСЕ дава посебно значење на развојот на институциите на локалната самоуправа и презема посебни активности за подигање на свеста на локалната самоуправа и подобрување на протокот на комуникација помеѓу различните нивоа на администрацијата и граѓаните” - рече преставникот на ОБСЕ  г. Маргвелашвили.
“Локалната самоуправа во делокругот на своите надлежности неопходно е да соработува со Народниот правобранител од едноставна причина што Омбудсманот во вршењето на работите од својата надлежност презема дејствија и мерки за кои е овластен заради заштита на правата на граѓаните” - рече градоначалникот на Струмица  г. Зоран Заев.
Инаку, на тркалезните маси најголеми дискусии се водеа околу проблемите што граѓаните ги имат во областа на урбанизмот за кои и најмногу се жалат.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија