Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

07.03.2007, СкопјеНАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ И ЕВРОАМБАСАДОРОТ Г. ЕРВАН ФУЕРЕ ВО ПОСЕТА НА КПУ “ИДРИЗОВО”Условите во затворите мора да се подобрат 07.03.2007

07.03.2007, СкопјеНАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ И ЕВРОАМБАСАДОРОТ Г. ЕРВАН ФУЕРЕ ВО ПОСЕТА НА КПУ “ИДРИЗОВО”Условите во затворите мора да се подобрат

Народниот правобранител г Иџет Мемети и специјалниот претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија во Македонија г. Ерван Фуере ја посетија Казнено-поправната установа “Идризово” како дел од континуираната соработка меѓу Народниот праворбанител и мисијата на ЕУ во Македонија.

Целта на посетата беше запознавање со условите во кои казната затвор ја издржуваат осудените лица во земјата, со цел да се  предложат соодветни решенија за подобривање на условите во КПУ.
“Воопшто не сум изненаден од она што го видов затоа што во извештаите што ние како институција ги подготвуваме, веќе констатиравме дека во македонските затвори постојат нехумани услови за престој” изјави по посетата Народниот правобранител г. Мемети.

Тој потенцираше дека во наредниот период треба итно да се дејствува во насока на подобрување на условите во секаков аспект.” Треба да се доекипира кадарот, особено стручниот, да се подобри хигиената и да се обезбеди соодветна здравствена заштита на затворените лица” рече Мемети.

Според евроамбасадорот г. Фуере најголем проблем во Македонија е пренатрупаноста на затворите.
“Европската унија е заинтересирана да помогне за обнова на овие установи, па затоа одвои 3 милиони евра .Проблемот со лошите затворски услови го конастатираше Советот на Европа, но и канцеларијата на народниот правобранител. Владата мора да изнајде решение за овој проблем” изјави г.Фуере по посетата на КПУ “Идризово”. 


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија