Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

Jавна критика од Народниот правобранител за работата на Секторот за внатрешна контрола при МВР 19.09.2005

Jавна критика од Народниот правобранител за работата на Секторот за внатрешна контрола при МВР

На 19.09.2005 година Народниот правобранител одржа прес-конференција која имаше за цел јавна критика на работата на Секторот за внатрешна контрола при МВР поради несоработка по предметите за кои Народниот правобранител има поднесено барање за добивање информации и податоци.
Имено, Народниот правобранител ги изнесе своите констатации врз основа на спроведени постапки за појави на флагрантно кршење на човековите слободи и права со против-правно лишување од слобода, мачење, сурово и нечовечно постапување и малтретирање при вршење на службена должност од страна на припадниците на МВР врз граѓани, за што изјави дека до Јавното обвинителство се поднесени кривични пријави. Поради ова Народниот правобранител јавно ги повика Министерството за внатрешни работи и Претседателот на Владата на Република Македонија да ги преземат сите мерки за спречување на ваквите појави, а Јавниот обвинител ажурно и со внимание да постапи по пријавите поднесени од народниот правобранител за расветлување на ваквите случаи и изнесување на сторителите пред судот на правдата.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија