Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

07.09.2015

07.09.2015 година, Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ШЕФОТ НА МИСИЈАТА НА УНХЦР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Г. МОХАМЕД АРИФ

Народниот правобранител г.Иџет Мемети оствари средба со шефот на мисијата на УНХЦР во Република Македонија, г. Мохамед Ариф, на која се разговараше за состојбата со мигрантите и бегалците во земјата и улогата на Омбудсманот во заштита на човековите права на лицата кои транзитираат низ земјата. На средбата стана збор и за актуелните состојби во Република Македонија, како и за предизвиците со кои се соочува институцијата.

На средбата народниот правобранител г. Мемети го информираше г.Ариф за досегашното заземање на институцијата, а пред се на Националниот превентивен механизам во решавање на кризата со мигрантите, како и секојдневното следење на ситуацијата во заштита на човековите права и хуманиот третман на надлежните институции кон мигрантите.

Зборувајќи за состојбата со мигрантите  во земјата, но и пошироко во регионот, г.Мемети посочи дека институцијата Народен правобранител активно ги следи состојбите и надвор од државата, па така во периодот што претстои институцијата ќе земе активно учество на конференции и дебати од регионален карактер како би придонела кон изнаоѓање на издржливи и долгорочни решенија за хуман третман кон лицата што доаѓаат од земјите зафатени со војна.

Народниот правобранител г. Мемети и г. Ариф договорија јакнење на меѓусебната соработка со цел подигање на јавната свест, а особено на надлежните институции во заштитата на човековите права и третманот кон лицата кои транзитираат низ регионот.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија