Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО ОМБУДСМАНОТ НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА Г. САША ЈАНКОВИЌ 09.09.2015

09.09.2015 година, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО ОМБУДСМАНОТ НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА Г. САША ЈАНКОВИЌ

Состојбата со мигрантите и бегалците, како и улогата на Омбудсманот во заштитата на нивните права беа главните теми на кои разговараа Народниот правобранител г. Иџет Мемети и неговиот колега  Омбудсманот на Република Србија г. Саша Јанковиќ, кој престојуваше во еднодневна работа посета на канцеларијата на македонскиот омбудсман.

На средбата беа разменети досегашните искуства на омбудсман инстутуциите  по ова прашање, и проблемите со кои се соочуваат надлежните институции при регистрација и транзит на мигрантите.

Со цел отворање поширока дискусија на регионално ниво и изнаоѓање издржливи решенија за справување со мигрантската криза со посебен осврт на прашањето за азил, како и подигање на свеста кај надлежните институции на земјите низ кои мигрантите транзитираат и потребата од хуман третман кон нив,  омбудсманите г.Мемети и г.Јанковиќ договорија заедничко дејствување со организирање на конференција на која јавно ќе се проговори за моменталната состојба по прашање на мигрантите, начинот на кој се постапува со нив, како и за прашањето на азил.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија