Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ПОСТОЈАНИОТ КООРДИНАТОР НА ОН ВО СКОПЈЕ- ЈАВНО СЛЕДЕЊЕ НА СЕДНИЦАТА НА КОМИТЕТОТ ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА 12.08.2015

12.08.2015, Скопје

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ПОСТОЈАНИОТ КООРДИНАТОР НА ОН ВО СКОПЈЕ- ЈАВНО СЛЕДЕЊЕ НА СЕДНИЦАТА НА КОМИТЕТОТ ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА

На 11 и 12 август 2015 година, Комитетот за елиминација на сите форми на расна дискриминација при Обединетите Нации(ОН) во рамките на 87-та седница  ги разгледа поднесените извештаи на Република Македонија за имплеметација на Конвенцијата за елиминација на сите форми на расна дискриминација.

Со поддршка на Канцеларијата на Постојаниот координатор на Обединетите Нации во Скопје, Народниот правобранител организираше јавно следење на вториот ден од разгледувањето на извештаите на Република Македонија, на кое присутните преку директна линковска врска можеа да ја следат расправата по истите.

Инаку, народниот правобранител до Комитетот за елиминација на сите форми на расна дискриминација поднесе  свој извештај во кој ги прикажа состојбите за 2013 и 2014 година согласно статистичките податоци добиени од претставките и од предметното работење во делот на заштита на правата на граѓаните кога им се повредени од страна на органи на државна управа во однос на дискриминаторското постапување и неспроведување на начелото на соодветна и правична застапеност.

Воедно, во доставената информација Народниот правобранител го запозна Комитетот и со својот делокруг на работа, постапување од аспект на заштита и работа по претставки од граѓани, поточно бројот на граѓани кои се жалат во областа на дискриминацијата и соодветната и правична застапеност  отсликано во годишните извештаи за 2013 и 2014 година на Народниот правобранител.

Република Македонија е земја потписничка на овој меѓународен договор со што е обврзaна да ги почитува првземените обврски.



Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија