Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

03.07.2021

Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. НАСЕР ЗИБЕРИ СО НЕГОВИОТ КОЛЕГА ОД РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА Г.ШЕРЕФ МАЛКОЧ

Народниот правобранител г. Насер Зибери оствари средба со неговиот колега, омбудсманот на Република Турција г. Шереф Малкоч.

Двајцата соговорници се согласија дека пандемијата влијаеше врз соработката на билатерално, на регионално и на меѓународно ниво и изразија надеж дека во иднина работите ќе се променат и дека истата ќе се интензивира. Размената на искуства, како преку посети на вработените, така и преку организирање на работилници со вклучување на експерти од одредни области придонесува за подобрување во работата на институциите, истакнаа двајцата омбудсмани.

Исто така, тие ја оценија досегашната соработка помеѓу двете институции како одлична, со можност за нејзино интензивирање и продлабочување.

На средбата стана збор, за влијанието на пандемијата врз правата на граѓаните, посебно на ранливите категории-децата, лицата со попреченост, оние во социјален ризик како и на лицата со ниски примања.

Народниот правобранител г. Зибери го информираше својот колега г. Малкоч дека пандемијата влијаеше врз бројот на претставките, кој минатата година беше намален речиси за една третина, а дека покрај заштитата, институцијата ги следеше и анализираше сите прописи и мерки донесени од страна на Владата и дека до надлежните институции за одредени мерки испраќаше препораки и мислења со цел заштита на правата на граѓаните. Тој посебно ја потенцираше онлајн наставата која не ги даде очекуваните резултати,како и финансиската помош за средношколците, студентите и за лицата со ниски примања.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија