Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

28.05.2021

Скопје

РАБОТНА СРЕДБА НА ОМБУДСМАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, АЛБАНИЈА И КОСОВО

Во рамките на регионалната соработка на омбудсман институциите, народниот правобранител г.Насер Зибери оствари работна средба со неговите колеги од Република Албанија г-ѓа Еринда Баланца и од Република Косово г. Наим Ќељај.

На средбата, неизбежна беше темата за пандемијата и нејзиното влијание врз човековите слободи и права во трите држави. Омбудсманите се согласија дека минатата година беше тешка, пред сѐ од здравствен аспект и дека владите повеќе внимание посветија на заштитата на здравјето на граѓаните, за чија цел донесоа голем број на одлуки, кои на некој начин влијаеа врз слободите и правата, како што е полицискиот час кој ја ограничуваше слободата на движење.Отежнато работеа и голем број на институции и комисии, што директно влијаеше на остварувањето на правата на граѓаните, пред сѐ на таканаречените ранливи категории на лица- оние кои се во социјален ризик.

Народниот правобранител, г.Насер Зибери ги информираше своите колеги за предизвиците со кои со соочи Институцијата во 2020 година, а кои се опфатени во неодамна објавениот Годишен извештај. Како посериозен предизвик, изминатата година, народниот правобранител ја потенцираше наставата од далечина - онлајн наставата, која предизвика потешкотии во образовниот процес, особено на лицата/децата со посебни потреби, кои се појавија заради ваквиот тип на настава.Народниот правобранител се задржа и на проблемите со кои се соочуваа корисниците на социјалната помош.

„Се надевам дека  до крајот на годината нема  да бидеме исправени пред нови предизвици и дека наскоро сите ќе се вратиме во нормалните текови, и дека институциите ќе почнат да работат со полн капацитет. Ова го навестува и бројот на претставките во нашата Институција, споредено со истиот период лани кој покажува тренд на благ пораст“, рече, по средбата, народниот правобранител, г. Насер Зибери.

Зборувајќи за целта на сотанокот, тој истакна  „се надевам дека во иднина ќе се зајакне соработката, со чести средби на сите омбудсмани од регионот, од причина што помалку или повеќе сите се соочуваат со истите проблеми“.

„Сметам дека сите ние во наредниот период треба да работиме на зајакнување на капацитетите, како и на поголема финансиска независност. Разменета на искуствата и добрите практики помеѓу омбудсманите ќе ни биде од  голема корист“, изјави  народниот правобранител, г. Насер Зибери.

Според омбудсманот на Република Албанија, г-ѓа Еринда Баланца, ваквите средби одат во правец на поцврста соработка, која има за цел подигнување на степенот на заштитата на правата на граѓаните.
„Среќни сме што сме тука, што по поголема пауза организиравме состанок на главните институции за заштита на човековите права во нашите три земји. Во сите три земји од кои доаѓаме, треба многу да се стори за да се подигне степенот на заштита на овие права,  па затоа свесни за овој факт, не се собравме за службен туризам, туку за да координираме еден договор кој ќе им помогне на нашите институции во Северна Македонија, Косово и Албанија да се потпрат една на друга, да се надомести неможноста на едната со искуствтото на другата, со што ќе им се даде на нашите граѓани еден подобар стандард за поднесување (упатување) на нивните жалби против работата на нашите власти“, изјави по средбата г-ѓа Еринда Баланца.

Народниот правобранител на Република Косово, г.Наим Ќељај се осврна на досегашната соработка помеѓу институциите, потенцирајќи дека регионот дели слични проблеми кога станува збор за правата на граѓаните.
„Ние веќе воспоставивме традиција на соработка помеѓу трите институции. И оваа средба има за цел да продолжи во овој дух со цел да дадеме натамошен придонес кон нашата заедничка работа. Преминувајќи низ целата ситуација на пандемијата и соочени со многу предизвици, сфативме дека соработката и солидарноста се двата главни столба во општеството. Од оваа посета излеговме со неколку предлози за тоа како ќе продолжиме да ја интензивираме нашата заедничка работа. Исто така, ја искористивме средбата за да му честитаме лично на г. Насер Зибери за преземањето на функцијата Народен правобранител и да му посакаме успех во неговиот мандат “, рече г.Ќељај

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија