Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

23.04.2021

Скопје

ПРОМОЦИЈА И КОНСУЛТАЦИИ ЗА НАЦИОНАЛНАТА РАМКА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРИМЕНАТА НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ООН ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Во организација на канцелариите на Народниот правобранител се одржа онјан сосотанок со Постојаната претставничка на Организацијата на Обединетите Нации (ООН) во Република Северна Македонија за промоција и консултации за Националната рамка за следење на примената на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост. На состанокот свои воведни обраќања имаа м-р Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик Народен правобранител на Република Северна Македонија и Тања Темелкоска, советник за човекови права од Канцеларија на Постојаната претставничка на ОНН во Северна Македонија.

На настанот присуствуваа триесетина претставници на граѓански организации, лица со попреченост и нивни претставнички организации, кои согласно член 33 (3) од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) потребно е да бидат активно вклучени во рамката за следење на спроведувањето на Конвенцијата.

Од страна на заменичката на народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа беше презентирана улогата на Народниот правобранител како национален механизам за следење на примената на КПЛП и преземените чекори да се овозможи воспоставување на рамката. Беа споделени добиените резултати од анкетното истражување направено помеѓу граѓанските организации, а се осврна и на идните облици на соработка со организациите на и за лица со попреченост.

Настанот имаше дел и за консултации со присутните во кој се дискутираше за очекувањата и придонесот на организациите на лицата со попреченост и другите домашни и меѓународни организации во функционирањето на националната рамка за следење, за активното и суштествено учество на лицата со попреченост и начела на инклузивност, отвореност и транспарентност, за правата на жените и децата со попреченост, како и за главните приоритети на рамката во поглед на унапредување на инклузивноста и правата на лицата со попреченост во национален контекст.

Од дискусијата може да се извлече заклучок дека граѓанските организации се задоволни од можноста да се вклучат во националната рамка за следење и дека преку партиципативен, отворен, транспарентен и инклузивен пристап ќе дадат свој придонес во однос на промоцијата, заштитата и следењето на спроведувањето на правата признати со КПЛП.

Народниот правобранител како национален механизам за следење на имплементацијата на Конвенцијата е стартешки партнер на здруженијата на лица со попреченост, самите лица со попреченост и граѓанските организации чии целни групи се децата и лицата со попреченост, а поддржан од меѓународните организации, во прв ред Канцеларијата на Постојаната претставничка на ОН во РСМ, Мисијата на ОБСЕ, но и други релевантни меѓународни фактори, ќе ја зајакне својата улога како институција која ги промовира, штити и унапредува правата на лицата со попреченост.

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија