Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

26.02.2021

Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.НАСЕР ЗИБЕРИ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ВО СКОПЈЕ

Народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари средба со претставници на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје предводена од оперативната директорка – на Програмската канцеларија во Скопје г-ѓа Лелја Дервишагич. На средбата се зборуваше за досегашната соработка со институцијата Народен правобранител, посебно за спроведувањето на тековните проекти-промоција на различностите и еднаквоста, затворскиот систем и  механизмот за граѓанска контрола, трговијата со луѓе и илегални мигранти и бесплатната правна помош.

„За нашата институција од исклучителна важност е соработката со Советот на Европа, која планираме во наредниот период да ја интензивираме, со оглед на фактот што со добивањето на новите мандати се појави потребата од зајакнување на капацитетите, посебно на тимовите кои работат во областите во кои се спроведуваат проектите. Народниот правобранител има значајна улога во општеството во делот на заштитата на човековите слободи и права, а размената на искуствата и добрите практики, пособено за новите мандати, се  важни од аспект на  поголема заштита на правата на граѓаните, со што ќе се зголеми  и нивото на довербата кон институцијата“ истакна на средбата народниот правобрантел, г.Насер Зибери.

Програмската директорка, г-ѓа Лелја Дервишагич поподробно го информираше народниот правобранител за идните чекори во рамките на веќе започнатите проекти (четирите проекти) кои Советот на Европа ги спроведува со тимовите од канцеларијата на Омбудсманот, истакнувајќи дека тие остануваат отворени за соработка и помош и во други области.

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија